ПАРТИЗАН ИТА НАГОРЕ

Трета

Изненадувања, пресврти, многу возбудувања во Третата лига – Југ. Големо Коњари, тим со второлигашки амбиции, пред своите 300 навивачи во одлична организација и чесна борба загуби од разиграниот Партизан со 0-1. При брза контра одлучи Хаџи-Спиркоски во 68. минута. Обршанци се во налет кон второто место, а в недела се очекува дома да го совладаат аутсајдерот Кожуф. Останати: Млекар – Младост К., Бабуна – Кадино, Младост У. – Варош. Претходно: Младост К. – Вардар 0-3, Кожуф – Млекар 2-2. Табела: Вардар 27, Младост У., Бабуна и Г. Коњари по 24, Партизан и Варош по 23.

Во општинската А лига водат Канатларци и Обршани по 26, а во Б лигата Илинден Долнени со 37. 

Loading