ТАТКОВЦИТЕ НАПОМОШ

Пинг – понг

Во ППК Младост 96, според клупското име младоста има главен збор, но во секој момент на располагање се ветераните. На последниот првенствен меч од Првата лига во Скопје, остварен е триумф 5-4 против домашната Пошта 2. Во отсуство на Христијан Иваноски, откако младите Александар Рикалоски и Бојан Илиески потфрлија, на сцена стапија татковците Менде Иваноски и Златко Рикалоски, кој ја доби одлучувачката партија. Младост 96 со двата бода останува на врвот, покрај Ѓорче Петров и Радовиш.

ППК Младост в недела е на пионерското првенство во Куманово.

Loading