“ПРЕДВОДЕНИ ОД ЉУБОВТА” ОД ИВАНА АДАМЧЕСКА

Промоции

“Предводени од љубовта” – книга првенец од талентирана авторка Ивана Адамческа беше промовирана синоќа во Библиотеката. Во книгата раскази авторката пишува за љубовта.

– Речиси во сите 19 раскази, доминира љубовта како движечка сила во животот. Се надевам дека успеав да ги пренесам чувствата и моите мисли – вели младата Ивана.

Иако има само 15 години, пишувањето за многу краток период и станало преокупација.

– Речиси за една година ги создадов расказите и се пријавив на конкурсот на Дата Песнопој. Резултат е оваа моја прва книга – додава Адамческа, која најавува континуитет во литературата.

“Старецот со кавалот” и “Жртва на љубовта” се двата романи од нашата сограѓанка Весна Шереметкоска, кои ќе бидат промовирани в понеделник од 17 часот во Библиотеката “Борка Талески”. Се работи за творби првенчиња на Шеремткоска кои се издадени во многу краток временски период.

Приказната за “Старецот со кавалот” е секојдневниот живот, но и горчлива судбина на еден старец, отфрлен од семејството кој последните години од животот ги минува на градскиот плоштад, дружејќи се со неговиот единствен пријател – кавалот. “Жртва на љубовта” е дело во кое љубовта бликнува како незапирлив бран во младоста на една девојка, која, покрај разубедувањата на блиските, стапува во брак со момчето кое го сака. Но случките потоа доведуваат љубовта да згасне.

Loading