“ТРИТЕКС” ВО РАМСТОР

Брендирана продавница со памучна машка, женска, детска и бебешка долна облека отвори “Тритекс” во трговскиот центар Рамстор во Скопје. Проширувањето е доказ за успешноста на компанијата која постои од 1994 година, и веќе 20 години поголемиот дел од своето производство успешно го извезува на пазарите во ЕУ. Тенденција на менаџментот е поголем дел од производите да ги пласира на домашниот пазар и да го презентира квалитетот пред македонскиот купувач.

Производите на Тритекс се исклучиво памучни, максимално удобни, со внимателно одбран дизајн и докажан квалитет.

Специјализираната продавница на Тритекс во Прилеп е зад поштата.  

Loading