СО РОМАН НА АВТО – САЕМ ВО БЕЛГРАД

Агенцијата за превоз на патници Роман на сите љубители на моторни возила им нуди одлична шанса да го посетат саемот за автомобили во Белград за 1700 денари на 16. март. Во цената е вклучена и влезница за Саемот, каде ќе бидат изложени најнови модели од водечките производители на автомобили, кои ќе можат да се купат со саемски попуст, се разбира без прескрасните хостеси. Ќе може да се тестираат “ѕверовите” на четири или две тркала, а предвидени се и наградни игри и други забавни активности.

Покрај најновите возила, ќе има и изложба на авто делови, опрема и гаражно сервисни услуги.    

Loading