ЕМАНЦИПИРАНИ СОГРАЃАНКИ

Пред повеќе од една декада од првото одбележување на Денот на жената – 8-ми Март, девојките и жените, имале можеби поголеми права и слободи од западните припаднички на понежниот пол.

Кој би очекувал во “временски прегазената” Османлиска империја, во 1898 г. во патријархалниот Прилеп да постои женска гимназија и тоа со женски даскалици. Тоа е доказ дека нашите жени, ги следеле во чекор случувањата во глобални рамки и колку што им дозволувале условите ги копирале.

Додека Клара Цеткин и Роза Луксембург, со тешки маки, избориле  извесни еднаквости со мажите на полето на економијата и политиката, во Прилеп ретки биле жените кои се истакнувале на овие полиња.

По Втората Светска војна, жените ги добиле правата и слободите на мажите. Загарантирани со уставот биле правото на глас, колку и да немало значење, правото на образование и правото на работа. Жените станале поактивни во политичките случувања и во работните колективи. СФРЈ имаше дури и жена премиер, Милка Планинц.

Празникот се славел со традиционални чајанки, како сега, малку помодерно, со екскурзии надвор од земјава. Меѓутоа, славењето ја губи смислата, и се заборава што и зашто се слави.      

Loading