БЕБЕ НА ФУДБАЛ

Ниту студеното време, дождот и поклопувањето со терминот на Карневалот Прочка, не ги спречи околу 300 сограѓани да го проследат на Могила второлигашкиот фудбалски меч 11 Октомври – Маџари (2-2). На трибината два часа издржа и едно мало детенце, веројатно се уште бебе, кое завиткано цело време спиеше в раце на родителите. Не дознавме дали мотив за следење бил некој близок во домашниот тим.

Според фанатизмот на семејството, детенцето има изгледи од мали нозе да се инволвира во овој спорт, можеби еден ден да стане фудбалерче.      

Loading