ДЕРБИ ВО Г. КОЊАРИ

Трета

В недела (15 ч.) продолжува Третата лига – Југ со дербито помеѓу второто Големо Коњари против седмиот, Партизан Обршани. Есеноска беше 0-0. Домашните предводени од новиот тренер Сашо Спиркоски посакуваат триумф и искачување на врвот од табелата. Второто дерби е во Кривогаштани, Младост со лидерот Вардар. Третиот интересен меч е Кожуф – Млекар, а Кадино и Варош се слободни. Табела: Вардар и Г. Коњари по 24, Младост У., Бабуна и Варош по 23, Млекар 21 бод.

Викендов има натпревари во А и Б лигата на ОФС.

Loading