ТОПКА ВАША – СТРАНА НАША

Историја

Колку била важна страната на која го почнува мечот Победа, знаат речиси сите навивачи. Повозрасните се сеќаваат дека екипата настојуваше првото полувреме да игра на страната од кај старата болница, а второто таму да напаѓа. Тоа се покажало успешно на многу тешки мечеви. Два гола, првиот Глигороски, вториот автогол, паднаа против Вардар 1977, 2-0 со Коприќ над Трепча и 1-0 со Шалев над Пелистер 1986,  2-1 со Гунев над ОФК 1987, 1-1 со Наумоски против Вардар 1992.

– Постари советуваа да одбереме страна. Кај болницата го сметавме наш гол за напад. Блиску беа соблекувалните, тука сите тренинзи почнуваа и завршуваа со акции, удари, пенали. На центар чекавме петка – глава да бираме. Некогаш гостите намерно контра одбираа и не ни одеше – вели Тони Наумоски.

Loading