БРАЌАТА СО ВИСОК РЕЈТИНГ

Параглајдерство

Според најновата ранг листа на ФАИ за најсилните светски параглајдеристи во прецизно слетување, членовите на ПК Делта и натаму се најдобропласираните Македонци. Носителот на титулата Оскар за најдобар млад спортист со четири светски рекорди, Мартин Јованоски, е на 13. место, додека помалиот брат, Борјан Јованоски напредува кон 28. место и со спортски жаргон кажано “му дише во вратот”. Претходните 12 месеци кои се земени предвид беа мошне успешни за двајцата, а особено значајно е 2. место на Светскиот куп во Вршац, Србија. Зимава немаше одмор. Борјан со тренерот, татко му Миле, се подготвува во градов, а Мартин заедно со светската елита, четири месеци го користи убавото, летно време во Јужноафриканската Република.

Подготовките се за Европското првенство, в лето, во Вршац.

Loading