Жени: Клубовите тешко се одржуваат
– Во првата лига е Таста 107, во суперлигата Жито Прилеп
Кризата во спортот донесе најтешки последици во женските клубови. Некогаш девојки имаше во кошарка, одбојка, пинг – понг, шах, до скоро фудбал, а сега честа ја бранат со карате, џудо, атлетика, гимнастика… Во колективните спортови сениорски екипи се само ракометните Жито Прилеп и Таста 107.
Конечно активности на ракометниот суперлигаш Жито Прилеп. По предолгата пауза од 85 дена, се случи состанок со девет првотимки и шест младинки, со каква – таква подготовка да се дочека 15. март со Кожувчанка во Штип. Заминале Гичева и Адамческа, а прашање е дали тренерот Пеце Велјаноски останува, бидејќи дознаваме дека тренинг водела капитенот Шалевска. На натпреварувањето е без дилеми.
– Откажување нема. Продолжуваме пролетва – категорични се од управата на Жито Прилеп.
Одлична е атмосферата во суперлигашот Таста 107. Зимава во салата “Р. Р. Ричко” ги одработува најквалитетните подготовки, кондициски и тактичко – технички. Одиграни се четири тест – мечеви со Пелистер и Кичево. Голманките бранат по 13-14 удари, екипата применува се побрза, динамична игра, проследена со полуконтри и контри, која треба да даде ефект на 15. март во Куманово.
– Средината на табелата е нашиот план, а пробив кон четврто место е голем успех за девојките од 16 години – вели тренерот Филипоска.
Важноста на малите, провинциски клубови треба да ја препознае и поддржи РФМ, зошто репрезентација не е можна само од Скопје, а без Битола, Струга, Охрид или Прилеп.
НЕМА ФУДБАЛЕРКИ
По 12 години, згасна ЖФК Победа. Клубот го откажа пролетниот дел поради несогласување со ФФМ во однос на застапеноста во репрезентациите и органите.