БРЗО СЛИКАЊЕ МЕСТО ЧАЈАНКА

Во ЦК “Марко Цепенков” по повод Осми март

Под мотото, “Уметниците по повод Осми март” денеска во ЦК “Марко Цепенков” од 11 до 14 часот, ќе се реализира традиционалната манифестација “Брзо сликање”, на која за меѓународниот ден на жената ќе творат уметници – членки на Друштвото на ликовни уметници од Прилеп.

На хартија своите уметнички визии ќе ги пренесат сликарките Емилија Димоска Ѓоргијоска, Александра Ацеска, Верче Николоска, Наде Тоскоска, Софија Грабулоска, Бојана Трпческа, Билјана Бинчев и Бети Макеска.

Манифестацијата го доживува петтото издание, а создадените  дела ќе се претстават и на изложба.

Loading