ВЕЛЕВАЧКОСКА ПОЛОЖИ

Судии

Одлично помина Ирена Велевачкоска на судискиот семинар во Лисабон, Португалија. Доби позитивни оценки на полагањата за фитнес, англиски и правилата на фудбалската игра. Вреди и искуството по средбите со афирмираните колеги од цела Европа.

– Досега само на телевизија ги гледав. Меѓу главните презентери беше и еден од најпознатите светски судии, Колина. Напорната работа сите овие години ме донесе до знакот на ФИФА и чекам делегирање на мечеви низ Европа – вели Велевачкоска.

Младата судијка е благодарна на поддршката од меѓународниот поискусен судија Горан Спиркоски.

Loading