ДРЕСОВИ ОД ЈУВЕНТУС

Прилеп сити

Сериозно се подготвуваат и малите клубови. Учесникот во А општинската лига, Прилеп сити, одигра пет пријателски, со Млекар 1-0 и 1-2, Кадино 1-1, Напредок Ношпал 2-0 и Боротино 2-2. Тренерот Коста Мирчески инсистира на физичкиот аспект, со тезата “фудбалот е повеќебој”, а настапува со поставата П. Мирчески – Р. Кулески, Дамоски, Атанасоски, Христоски – Велјаноски, Карески, Стојкоски, Цветаноски – Гркоски, Степаноски. Играат со мерак, а тоа го цени вредната управа со набавка на нови дресови, во боја на Јувентус.

Лигата продолжува на 8 март, кога осмиот Прилеп сити е гостин на второто Динамо во Мажучиште.

Loading