ОДЛОЖУВАЊЕ ПОРАДИ ПРОЧКА

Пинг – понг

В недела требаше да стартува пролетниот дел од пингпонгарската Супер лига, со дербито Гоце Делчев Штип – Младост, но во последен миг има одложување. Прилепската страна не сака да го пропушти Карневалот. Штипјани имаат разбирање и дополнително ќе биде презакажан мечот на ланскиот и есенскиот шампион.      

По седум одиграни есенски кола, тимот на тренерот – капитен Зоран Јованоски, со Ѓоко Јочкоски и Гоце Тошески, освои 10 бода, со пет победи над Нец, Влае Безбедност, Шампиони ФА, Гоце Делчев и Струга, а со единствен пораз од Работнички.

Градов има претставник во Првата лига, ППК Младост 96.

Loading