ТРИУМФ СРЕДЕ ОХРИД

Ракомет

Иако на пријателските мечеви не се придава многу значење на резултатите, сепак за самодоверба придонесува триумфот на прволигашот РК Прилеп со 24-27 над Охрид. Вреди затоа што е на гости и врз суперлигаш. Вратено е речиси со иста мерка во однос на првиот тест во “Р. Р. Ричко” каде подобри беа охриѓаните со 23-27. Тренерот Орде Илиески им дава шанса на Трајковски, Орданоски, Петрески, Х. Тодороски, Спасески, Ангеловски, Јанески, Џ. Тодороски, Стефаноски, Чадамоски, Локвенец, Велески, Петкоски, Бозароски, Стојаноски и повратникот, пивотот Ѓорѓиески. Веќе вечерва (19 ч.) е третиот пријателски дуел дома, со суперлигашот Преспа.

Паралелно РК Прилеп посветува внимание на школите, а младинската екипа во неделата беше на трибината во салата “Борис Трајковски”, каде го проследи мечот Металург – Барселона.

Loading