ГРАФИКИ ОД КОЛОНИЈАТА

Изложба на 30 графики од 10 реномирани учесници на графичката ликовна колонија од Македонски Брод ќе биде отворена вечерва од 19 часот во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”. Ќе се претстават делата и од нашите уметници Вере Николоска и Александар Тасески.

Графичката ликовна колонија во Пешна се одржува од 1996 година и ги афирмира дрворезот и графиката. Учествувале уметници од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Канада и Америка, кои оставиле над 400 графики во трајно наследство на Македонски Брод.

Loading