УЧЕНИЦИ И ВОЈНИЦИ ВО СПОРТСКО РИВАЛСТВО

Војниците во касарната ги измерија силите во фудбал, кошарка и други дисциплини со средношколците, како и со екипи од неколку општествено одговорни компании, одбележувајќи го 18 февруари – Денот на Меѓународните Воени спортови. Низ спортски игри се промовира здравјето, физичката кондиција и меѓусебното дружење со цивилните структури. Најдобри резултати во фудбал постигнала екипата на Кабелнет, во кошарка екипата на СОУ “Ристе Ристески -Ричко”, а во пинг понг и шах воделе гимназијалците кои се закитиле со дипломи.

Спортскиот ден почнал со постројување на единиците во касарната и обраќање на командантот на гарнизонот Жарко Ристески. Спортски мегдан се биел во салата Сонце и во салата на гимназијата.

Loading