ЛАВРИ ЗА ПРИЛЕП

Прилеп стана носител на наградата за најдобар град според изборот на  Македонската радио телевизија. Градоначалникот Марјан Ристески изрази благодарност што градот е поставен на пиедесталот, поради крупните зафати за подобрување на животот на граѓаните, Истакна дека признанието им припаѓа на граѓаните, на соработниците, на јавните претпријатија, на стопанствениците и на невладиниот сектор, зашто сите вградиле дел во разубавувањето на своето место за живеење.  

Наградата за хуманист ја доби и лекарката Билјана Оклеска, која седум години носи надеж и здравје за малкуте, главно стари, луѓе кои останале да живеат низ десетината села на Мариово.  

Loading