ДАЛИ ЌЕ ГОСТУВА ВАРДАР СЦБТ?

Ракомет

РФМ дури на 15. март одреди пролетен старт на женската Супер лига, каде во првото коло Жито Прилеп е гостин на штипска Кожувчанка. Поинтересно е второто, на 22 март, кога е предвидено гостување во “Арена Сонце” на гигантот Вардар СЦБТ. Есеноска тимот од Скопје одбегна да патува кон градов и неизвесно е дали пролетва ќе се смилува да се претстави пред нашата публика.Од друга страна, Жито Прилеп нема најавено подготовки.

Прволигашите интензивно тренираат.

Женскиот Таста 107 го одработи кондицискиот дел и претстојат контроли. Првенството продолжува на 15 март на гости кај ЖРК Куманово.

И машкиот РК Прилеп влегува во фазата на воигрувањето. Вчера беше првиот тест дома со РК Охрид, а по неколку дена е реваншот на гости. Нов во списокот играчи е повратникот од скопски Пролет, пивотот Пеце Ѓорѓиески. Можно е доведување и голман.

Купот е закажан за 8 март дома со штипски Текстилец, а првенството на 15 март на гости кај РК Битола.

Loading