ПРОШТАЛНИ МЕЧЕВИ

Историја

Денешнава животна динамика не дозволува поглед кон минатото и должно оддавање признание на заслужните. Исчезнаа прошталните мечеви. Некогаш, како првенствените, тие беа привлечни. Имаше солзи на разделба со легендите. Градов го памети простувањето на бекот Александар Конески во 1972 година, кога пред полни трибини гостуваше бразилскиот Јувентуд Сао Паоло. И голманот Благој Истатов беше достојно испратен 1973 година во Партизан, откако во летните квалификации за опстанок беше еден од јунаците. Последниот меч дома го бранеше со Титоград. Во 1976 година играчот за врска Живко Ѓорѓиоски се прости при гостувањето на Партизан. Во 1983 година гостуваа Црвена звезда и Динамо, а кариерата ја завршија голманот Тоде Тодороски и полутката Јове Магдески.

Последните великани, Гоце Манески, Рубин Ѓорѓиоски и Ристо Глигороски се простија 1987 година, кога гостуваше Вардар.           

Loading