В НЕДЕЛА СО ПОБЕДА

11 Октомври

Најавената соработка на најблиските клубови, 11 Октомври и Победа, станува реалност и в недела (14 ч.) на Могила е меѓусебниот пријателски дуел. Сигурно ќе има бројна публика. За екипата на 11 Октомври е четвртиот тест, откако 0-0 одигра со Г. Коњари, 0-1 загуби во Зајас, а со головите на Никовиќ и Паноски со 2-0 го совлада Младост Царев Двор. Приклучен е уште еден нов, за врска Дејан Велевски од Пелистер.

Тренерот Владимир Мицески планира уште две проверки, со Пелистер и Напредок. 

Loading