МЕГДАН НА СВЕТСКИ МАЈСТОРИ ВО БИЛЈАРД

Во клубот Инсомниа во катната гаража

Стеките и билите ќе ги “вкрстат” 120 велемајстори на билјардот од Европа “да бијат бој” на тридневниот ИНСОМНИА ЕВРО КУП, десетка билијард турнир на осум маси во прекрасниот амбиент во клубот Инсомниа во подрумот на катната гаража.

Виртуозите на таканаречениот билјард со “дупки”, или стручно играта -десетка, ќе се тркаат во умешноста на управувањето на точињата од 14. до 16. февруари. Атрактивноста на турнирот ја прави учеството на европските шампиони. Меѓу нив ќе е Гркот Никос Економопулос. Тој е член на европската репрезентација од Москони турнирот или петтиот човек во билјардот во светот. За награда од две илјади евра ќе се бори и Србинот Шандор Тот, кој е бивш шампион на Европа и освојувач на повеќе ЕУРОТУРА. За вкупниот награден фонд од 10 илјади евра ќе играат и европскиот првак, Хрватот, Ивица Путник, Зоран Свилар, втор европски вице шампион, Андреа Класовиќ и други познати интернационалци. Меѓу европските мајстори на древната игра во огромната сала со единствени билјард маси (на кој се одржуваат и светските првенства) ќе бидат и четири жени и талентираниот, 12 годишник од Босна, Сањин Пелихвановиќ.

Игрите на четири стола ќе се следат во живо на интернет, а снимки ќе има на една национална и на една локална ТВ. Сопственикот на клубот, прилепчанецот Бисерко Тркља, вели дека сам го организира турнирот и се стреми натпреварот да стекне традицонална светска репутација.

Ова е прв интернационален билјард турнир од ваков вид во Македонија.

Loading