ПЕТ ДЕВОЈКИ НА ЕВРОПСКО

Карате

Најнадежните прилепски каратисти се во Лисабон, Португалија, каде од денеска до недела се учесници на Европско кадетско – јуниорско првенство. Подготвени се пет девојки, Поликсенија Јованоска во ката јуниорки, Маријана Димоска ката кадетки, Мишела Димоска и Искра Каракашоска ката тим кадетки од КК Ронин, а Сара Симоноска борба јуниорки од КК Спорт 94. Се очекуваат високи пласмани, но на врвните натпреварувања многу фактори одлучуваат, вклучувајќи ја среќата во ждребувањето на ривалките.

Каратистките се поддржани од тренерите, селектори, Златко Димоски и Пеце Белистојаноски.

Loading