Фудбал
Победа почна со пријателски, фаза за воигрување. Стручниот штаб предводен од Јане Николоски дава шанса на сите првотимци. Настапија 20 фудбалери на првиот тест во триумфот над Пелистер 1-0 со голот на Б. Митрески. Првото полувреме играа Талески – Димитриоски, Момироски, Ф. Мирчески, Д. Котески – Мегленски, Карчески, В. Петрески, Ацески – Јанкоски, Зојчески, а во второто уште Кебакоски, Богоески, Милошески, Јанкулоски, Илиовски, Крстески, Стомнароски, Б. Митрески и Чешелкоски. Играта е солидна. Од понеделникот престојот е во Банско, а во соседниот Дојран се одиграни два меча, со Металург (0-2) и вчера со српскиот Младост Лучани (0 – 1). Меѓу стативите застана и Сркески, а играа уште Велјаноски, В. Митревски, Гешоски, младинците Оџаклиоски и А. Боцески. По повредата на раката, отсутен ќе биде В. Петрески, а 10-ти нов, во нападот е И. Мирчески од 11 Октомври.
Наредни тестови се Тиверија, Брегалница, 11 Октомври.