ЧЕТВРТ ДЕН ТРЕНИНЗИ

РК Прилеп

Во вторникот стартуваа подготовките на машкиот прволигаш, РК Прилеп. Во салата од СОУ “Р. Р. Ричко” тренинзите на 18 првотимци се под водство на Орде Илиески со помошниците Страшо Илиески и Ице Соколоски. Играчкиот кадар е есенскиот. Нема промени за тимот, кој на полусезоната беше прв на табелата. Повредата на бекот Јане Локвенец е минато. И тој се приклучува. На 3. февруари е конференцијата на РФМ кога се одлучува околу датумот за старт на пролетниот дел. 

Loading