МАТЕ

Историја

Епитетот најпознат македонски навивач и ден – денес останува за Мате Шундовски. Несебично навиваше не само за родната Битола, туку и за екипите од сите други градови во државата. Често доаѓаше и во Прилеп, за дерби на Тутунски и Победа. Облечен како диригент или маѓионичар, со шешир и палка, ја подигнуваше атмосферата. Застануваше пред гледачите и даваше сигнал за скандирање. Се противеше на вулгарности, навреди, недолични песни како “Да се врати 63 година…” и сметаше дека доволни се концерт свирежи за деконцентрација на гостите. Кога резултатот не одеше во прилог ја прекоруваше публиката.

– Зошто молчите? Во Англија два часа нема застој. Сега дајте поддршка!

Во деведесеттите, кога надојдоа навивачките групи, почна со повлекување, до смртта, 2006 година.

Loading