ПРАТЕНИКОТ ДАМЕСКИ ПО КРСТОТ ВО ОХРИД

“Со фрлањето во осветените води во Охридското Езеро на Богојавление во Охрид, ми се исполни голема христијанска желба, која тлееше во мене многу години”.

Ова го изјави пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ Панче Дамески, кој без колебање се нурна во потрага по светиот крст во студените води на Езерото меѓу стотиците верници.

– Празникот, со сета своја духовност, има огромно значење. Вековната традиција претставува еден од најрадосните празници во православието. Тој е симбол на духовното раѓање, почеток на човековото живеење со верба во Бога и прочистување на човековата душа. Ја зацврстува верата и поттикнува негување и ширење на православното христијанство, кое проповеда мирен и спокоен живот, покајание и прочистување од гревовите, трпение, толеранција и промовирање на вредности и принципи, важни за  секојдневниот живот – објаснува Дамески, кој, првпат за Водици, “го барал” Крстот.

Loading