КРИВОГАШТАНСКА НОВА ГОДИНА

Свадбената чеза со зет и невеста продефилира низ Кривогаштани во знак на одржување на духот на традицијата за празникот Василица. Адетот се пренесува и се негува со векови. Зетот и невестата како и сите присутни гости на свадбата беа маскирани и се забавуваа со василичарски шеги.

Голем број млади учествуваа во подготовката и со радост ја проследија свадбената поворка.

За празникот, среде Кривогаштани се запали василичарски оган каде настапи и фолкерката Сања Ристеска.

Loading