БЕЗ ЗАСТОЈ КАЈ ЗООЛОШКАТА

Игралиште

Забрзано се одвива градбата на новото помошно фудбалско игралиште кај некогашната Зоолошка, во населбата Вишне. Работите не запираат ниту во студените магливи, зимски денови. Во близина на типските куќи е правоаголникот со димензии 77 со 114 метри. Површината е убаво дотерана, израмнета, со бела подлога. Врз неа ќе биде поставена вештачка трева.

Спортскиот објект е со сите нишани, водоводна и канализациска мрежа, дренажа. Игралиштето е прво од ваков вид во градов, според стандардите на УЕФА и ФИФА. Завршувањето на проектот со нетрпение се очекува од сите екипи и фудбалски школи, бидејќи во моментов само игралиштето на Могила е во добра состојба, а сите останати, вклучително и Градски, се во лоша. Според информативната табла, изградбата на теренот кај Зоолошката чини над 100 илјади евра.

Новото игралиште е со заложба на ФФМ, ОФС и Локалната.

Loading