ПОБЕДА НА ТЕРЕН

Фудбал

Деветти ден од подготовките на Победа под водство на новиот тренер Јане Николоски. По кондицискиот дел во салата од СОУ “Ѓ.Петров”, од вчера продолжија подготовките во фитнес сала и на отворено, на Градски. Во стручниот штаб се и досегашните стручнаци Златко Петрески, Блаже Смоквоски и Сребре Стефаноски.

Меѓу 25 првотимци, петмина се нови: Филип Стомнароски (11 Октомври), Ристе Илиовски (Исланд), Филип Мирчески, Валентин Колевски, Владимир Петрески (Напредок). Од надворешните лански засилувања, остануваат битолчаните Дарко Ристевски и Владимир Митревски, а конечна одлука од Пелистер се чека за Бурхан Мустафов. Пред врата се уште неколку повратници. Подготовките од 3. до 13. февруари ќе се одработат во Банско, Струмица.

Соседниот второлигаш 11 Октомври стартува со тренинзи на стадионот “Г. Делчев”.

Loading