ДВЕ ПРИЗНАНИЈА ЗА ПРИЛЕП

Спортски оскар 2013

– Едното е за каратистките од УКЛО, другото за СОУ Ѓ. Петров

Мошне ретко наши, прилепски спортисти, се во друштво со најдобрите од целата држава, како што се случи на Спортскиот оскар 2013 во Скопје. Градов не партиципираше во вообичаените категории
најдобар спортист и спортистка, национална федерација, селектор, машки и женски национален тим, млади спортистка и спортист, најдобар со инвалидитет, но затоа освоивме две посебни признанија. Оскарот за најдобар клуб меѓу средните училишта е во рацете на директорот Дејан Димоски, одбојкарски тренер.

– Престижна е наградата. Успехот не е случаен, со оглед на условите со новата убавица, училишната сала – рече Димоски.

Оскарот за најдобра универзитетска екипа е за ката тимот Зорица Спиркоска, Верица Трајковска, Полексенија Јованоска, шампиони на Универзијадата во Будимпешта. Таму беа предводени од нивните тренери во КК Ронин, Елизабета и Златко Димоски.

– Спортскиот оскар се наѕираше кога беа кандидирани седум наши репрезентативки. Покрај Спиркоска, Јованоска, Трајковска, беа предложени уште Марија Матракоска, Мишела и Маријана Димоски и  Искра Каракашоска – задоволен е Златко Димоски.

Loading