ТРОЈЦА ДЕДОВЦИ – ТРИ МОСТРИ МУСТАЌИ

Денес, што за хигиена, што од навика, ретко може да се види човек со мустаќи. Можеби стилизирана брада, или зулуфи, но никогаш само мустаќ.

А, на времето тоа било задолжително, како доказ за машкоста. Целото лице било “тасмосувано” од остар брич и сапунче. Меѓутоа, за влакната над горната усна се посветувало големо внимание, кое се граничело со беспрекорност.

На старава фотографија гледаме тројца старци, секој со лично обележје и гордост под носот. Не се на иста возраст, па можеме дури и да проанализираме за “модниот додаток” низ времињата. Првиот од лево е изгледа најстар, па сребрено белите мустаќи како и него се клапнати надолу. Дедото на среде најмногу ја следел тогашната мода, и има мали мустаќиња, само под носот, таканаречени “Хитлер – мустаќи”. Многумина за време и после војната го негувале овој тип на мустаќи, а никому “око не му трепнувало” од каде потекнува оваа мода.

Последниот дедо ја негувал традицијата на донекаде аристократски мустаќи, умешно завиткани нагоре. Бујните влакна, како да кажуваат историја и по должината веројатно многу години се трудел да ги дотера како што намерачил.  

Loading