РОДЕНДЕН НА ЗЛАТОВРВ

Наместо да одмораат после најлудата ноќ, планинарите на Златоврв се качија на истоимениот планински врв кај манастирот Трескавец на втори јануари да постават метална кутија со книга за потпис, секој да може да го одбележи доближувањето до небото на околу 1400 метри. Речиси во облаците, на “златното” јаболко, тие го одбележаа 90-тиот роденден на друштвото на планинари, спелеолози, болдеристи…

Планинарите од Козјак засадуваа фиданки околу изгорениот дом Дервен. Го облагородуваа просторот со дрвца да не ги пече жега лете, тука намерниците да одмораат под ладни дебели сенки. Впрочем, во тек се подготовките на плановите за реконструкција на опожареното планинарско пријатно катче. По лопатите и дуриите, страсните љубители на природата се скрстиле на заедничка софра од гравче, зготвено од жените на асоцијацијата Орхидеја. Паднала и свирка, и песна, дури се завило и оро за капаче на дружбата. 

Loading