СЕ УРИВА ПОЖАРНАТА СТАНИЦА

Откако пожарникарите се преместија во новите, обновени простории на старото индустриско училиште, старата противпожарна станица стана бескорисна. За да се отвори просторот за новата автобуска која е во градба, потребно е место. Под силата на машините веќе паѓа бетонската конструкција на популарно наречената “пожарна”, со својствената црвена и бела боја. После циглите, тешката машинерија постепено ги урива ѕидовите, столбовите, плочата, таваните.

Противпожарната станица сега прилега на старата скопска железничка станица, уништена во земјотресот од 1963 година. За разлика од неа, од “пожарната” нема да остане ни симболичен ѕид, никој нема да жали за неа, оти новото е секогаш подобро од старото.  

Loading