ЛАМБЕ, ЛОБА, БИОРИТАМ НА ПЛОШТАД

На Нова Година

За најлудата ноќ да мине незаборавно, атмосферата ќе ја дотераат до точка на вриење македонската естрадна елита. Ќе има радост за секоја возраст.

Дечињата ќе се забавувуваат со песничките од Ѕвездички напладне на 31 декември. После се групата Пејшнс, па Тајзи, за во 13 часот да пее најдобриот рап бенд, Слаткаристика.

Блуз чувства вечерта од 22 часот ќе приредат акордите на Д Хаундс, па ќе ечат звуците на Ламбе Алабакоски и прекрасната Викторија Лоба. Кога ќе се бакнат стрелките на часовникот, со Биоритам и огномет ќе се испрати Старата и ќе се пречека Новата Година. 

Loading