ПРВПАТ ВТОРОЛИГАШИ

Историја

За женскиот ракометен тим на Тутунски историска е сезоната 1987/88. Крунисана е со пласман во Втората југословенска лига. Успехот најде место во медиумите. Белградскиот “Спорт” објави текст од новинарот Миле Талески со наслов “Успехот го поздравија 4000 навивачи”. Во него се истакнува дека конечно е исполнета желбата прилепчаните покрај машки да добијат женски второлигаш. Дека “тутунарките” биле најдобри потврдува билансот од сите победи, а само еден пораз во Скопје од Ѓ. Петров. Реваншот во преполната сала “Македонија” е со камата од 12 разлика, за задоволство на тренерите Кузманоски, Коруноски и претходниците, Зуљамоски, Шукуроски и Николоски. Наведени се првотимките: Цветаноска, Павлоска, Стојаноска, С. Наумоска, Лозаноска, Атанасоска, Митеска, Воиновиќ, Паниќ, Смилеска, Белческа, Б. Наумоска, Талеска и Базеркоска.

ЖРК Тутунски второлигаш беше четири години, до распадот на Југославија.

Loading