ФОТОГРАФИЈАТА Е МОЈА ПАСИЈА

Прва самостојна изложба на околу 40 фотографии имаше  сограѓанинот Мики Николоски во Библиотеката. Младиот автор вели дека фотографијата му е пасија. Затоа така е насловена првата изложба од хуманитарен карактер со модни фотографии.

Фотографиите се рефлекс на младешкиот дух.

– Една година сум со објективот. Ми лежи моментниот допир на фотоапаратот, преку кој творбите остануваат за век и векови. Преокупиран сум со модната фотографија и со други мотиви – објаснува младиот автор.

Loading