ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (258) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

За да се дополни времето од забава во кладенците, повозрасните деца како Раде Бабјак, Ристе Узуно и други измислија борење врсничиња од двете страни бонечки со марулски воловарчиња, прво за борење ги одредија бонечкото воловарче Анѓеле Капларо со марулското воловарче Томе Велјаноски. Во нивното меѓусебно борење победи Томе Велјаноски.

Ристе Узуно бончанчето префриган за второ бонечко го одреде Борис Топчија против своето врсниче Митрески Ристе Мурџески. Во нивното меѓу себно борење бонечкото бораче е изгуби битката против марулското бораче Митрески Ристе Мурџески. Марулските воловарчиња беа победници три пати еднаш со воловите и два пати со човечки борења. Каква радост беше за марулските воловарчиња. Времето одминуваше, бонечките воловарчиња ги потера нивните волови за да си одат за во нивниот сињор и дома. Разделбата беше пријатно со нивно обеќање за повторна средба но никогаш не дојде до втора средба.

Воловарчето бонечко Дамчески Димко по татков алоза е Толески – Мрњароски од с. Чумово. Додека по татковата мајка Илинка е бончанче.

Толески – Мрњароски Ѓорѓија од с. Чумово женет за Сејменоска Илинка од с. Бонче. Ѓорѓија и неговата жена Илинка во бракот има едно дете машко по име Борис. Зафаќа Првата светска војна, Ѓорѓија Толески, како и брат му Крсте загинуват на фронтовите. Жената Ѓорѓица Илинка останува вдовица со детето Борис сираче.

На Дамчески Тале од Бонче му умира жената по име и родно нејзино место непознато. Го остава Тале вдовец со едно дете сираче, девојче со име Спасија. Тале вдовецот и Талеска Ѓорѓица вдовицата Илинка склопуваат брак. Вдовицата Ѓорѓица Илинка со нејзиното дете се враќа во во родното Бонче кај Дамчевци. Тале и Илинка во бракот кај Дамчевци родија две деца Велика и Стојан. Велика, мажена за Јованоски Алексо Курела во Марул, умира млада невеста. Нема потомство. Додека машкото дете од Тале и од Илинка родена Сејменоска бончанка, Стојан се жени за Котеска Рада Чурлиноска од Лопатица.  кој има повеќе деца. Горица, Слободанка, Раде и Верка.

Додека детето од првиот брак на Дамчески Тале, Спасија е мажена за Божин Чаласија Јандрески од Лопатица. Сирачето Борис Талески од Чумово донесено со мајка му Илинка родена Сејменоска во Бонче. Борис при мајка му Илинка и очувот Тале Дамчески растае во здраво и бистро момче. Родителите го женат за Гулеска Стефка од Бонче.

Борис и Стефка одгледуват во Бонче повеќе деца: Ќиро, Круме, Весела, Димко, Драгица, Методија и Петре. Додека Спасија дете од првиот на Тале мажена е за Божин Чаласија Јандрески во Лопатица. Стрината на Борис Талески, Николица – Пеша од Чумово е исто така од Бонче од родо Шапковци.

1959 година

Вечерта пред Коледе времето беше мирно и топло. На тумбата кај средселото имаше запалено коледарски оган. Насобрани доста луѓе од Нацко и тапано од Петре и голема веселба. Имаше недостаток од дечката млада генерација поради учењето. Вечерта пред Коледе на средселото веселбата со запален оган со музика од Нацко и Петре беше голема. Насобраните луѓе доцна заминаат дома. За палењето на ноќниот коледарски оган после полноќ се натпреваруваат малските деца кој прв ќе го запали огнот. Тоа означуваше храброст и ранобудност. Се бараше секогаш палачот на оганот да биди нов палач. Ако некој го запали двапати во една година не важи.

Ние, од нашето, Средно маало, односно Втора бригаде Јованоски Данчо Курела, Велјаноски Томе, Јанкоски Ванчо, Ванѓел и Илија меѓу себе верни почитувани другари во првото време после полноќ уште првите петли не пропеани отидовме со по еден заграб ржана слама на средселото, го запалиме оганот со провикнување Коледе, Коледе, Коледе во натпревар со нашите други маалски ривали.

Јас за да не бидам присутен при палењето на огнот се вратив дома, ги наполнив дисаѓите со слама ржана, ги нарамив преку мене и поново отидов кај средселото каде огинот беше запален. Ова наша замисла за нас палачите ни преставуваше повеќе варијанти за храброст, бестрашност рана будност и привилегија при делење подароци односно буле од страна на делачо.

После нас дојдоа конкурентите од двете маала, Западно Прва бригаде и Јужно, Трета бригаде. Од Западното маало беа Бошески Драган, Мурџески Коста и Танески Спасе. Додека од Јужното маало беа Велјаноски Блаже – Благоја Танески, Велјаноски Методија Танески, Дамјаноски Благоја Дамјаноски, Јошески Данчо Котески. За нив од Западното и Јужното маало беше пораз, неуспех во натпреваро. Сепак си подадовме рака едни на други со весел дух. Методија вели дека го стегаат гумените опинци. Кога видоме на виделото од огнот, тој обул два леви опинци пиротски. Каква смеа направиме. Го прогласиме за големо чудо и заборавивме меѓусебната натпреварувачка, кога рече мечко кога се обувал не запали светло.

Утрото за денот Коледе собирот беше околу осум саатот, како и секогаш кај Јолески Божин најсеверната куќа во Марул. Се собраа доста коледари, повеќето со помали деца. Со мали деца беа Атанасоски Алексо со неговото дете Ѓорѓија Гога и Атанасоски Војне Неданоски. Велјаноски Благоја Танески со неговото братче Коце, Велјаноски Методија Танески со неговото братче Алексо, Јованоски Данчо со неговите две братчиња Арсе и Драган во помош со нивниот стрико Јованоски Душан. Јовчески Трајко со неговото братче Цветан и брачедот од стрико му Слободан. Блаже Јанкоски ги носеше децата Ќиро негов и ладеските Тане и Славе. Атанасоски Атанас Танески со татко му Јован.

Колески Ванчо носеше четири деца, неговите две Славе и Круме Методија од Мите Мурџески и Славе Павлески Јоноски. Но, Бошески Миле, Панде и Стојан Чонески беа во внимание на Бошески Трајче. Димитрија Бабјак ги имаше под внимание на неговото дете Пецо и на Арсе од Јованче Мурџески. Алексо Бабјак ванчо бабјак си го носи неговото дете Љубе. Јошески Мирко Котески придружен од неговиот брат Данчо. Утрото на денот Коледе почна да се собират коледарите како и секогаш во куќата од Јолески Божин во северниот дел во Марул. За кратко време куќата се наполна со коледари, половината беа деца од машки пол, уште непроодени на училиште. Присутните меѓу себе си велеја, весела работа е денес на училиште, од машка пол ги има 31, додека сега овде ги има 24 деца.

Децата како деца, сите наоружани, сите со волнени торбиња преку рамената в раце носат стапчиња за правење свирипиле по куќи во печките. Повеќе помали деца првпат прават средба меѓу себе срамежливо се погледуваат и се задскриваат крај своите претпоставени. Постарите деца кој биле порано на Коледе по традиција е отворија печката и со стапчињата почна да буричкаат, од печката попаднаа жарови на земја и почнаа со стапчињата на жаровите да удираат и да викаат свирипиле, свирипиле, свирипиле. Помалите  го отфрлија срамот и стравот и се замешаа кај свирипилето. Удираа со стапчињата, се приближија едни до други во разговор, природна убавина.        

Продолжува    

Loading