Велески е седми во Европа

Шах

Фидемајсторот Роберт Велески од Прилеп учествуваше на Европското аматерско шаховско првенство во Мали Лошињ. Тој во најсилната од трите групи, во групата шахисти до рејтинг 2300, го освои 7. место, со 5 поени. Еве ги резултатите: доживеа два пораза (од Аслани од Косово и од Скухала од Словенија), четирипати ремизира (со Блузен од Франција, Коледњак и Иванчиќ од Хрватска, Сарачи од Косово), а трипати победи (против Цвитковиќ од Хрватска, Луценко од Словенија и Саити од Косово).

Во најсилната група учествуваа 19 шахисти од 8 држави: Хрватска, Шпанија, Франција, Италија, Косово, Словенија, Словачка и Македонија. Првото место го освои Кораб Сарачи (Косово) со 6,5 поени.

Loading