ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (246) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

После месец дена по убиството на полјакот ние четири марулски лица Јовчески Ванѓел, татко ми, нашиот комшија Јованоски Димитрија и Петрески Ванѓел Бабјак, зет за сестра на Јованоски Димитрија тргнаме да одиме после ручек со две запрежни воловски коли за да бериме трска во блатото во новачкиот атар. Двата ортаци, Ванѓел Бабјак и Димитрија имаа една заедничка запрежна кола. Ние, со татко ми Ванѓел е имаме нашата запрежна воловска кола.

Одејќи надолу преко патот за преку Сољја чешма наминаме поред местото на убиениот полјак. Местото обвиткано со цвеќиња и неколку венци, жалосно. Преку утрото пристигнаме во новачкиот сињор во местото Студена вода. Таму берејќи трска се задржаме два дена. Видов големо чудо. Вечерта за преноќевање се вратија илјадници чавки кои преноќеваа во трските и наредното утро се кренаа за во нашите краеви. Втората вечер чавките се вратија во трските за преноќевање. Паѓаа во трските како убиени што ни повеќе нивни глас да се слушни.

Петерски Ванѓел Бабјак носеше една цела црепнарска погача од брашно мешано од пченица и рж, мелено во млинот помеѓу Лознани и Вешерејца, граден од германски стручнаци во 1947 година како воена оштета за време Втората светска војна. Лебот високо порастен и мек како сунѓер. Сите од тој Ванѓелов леб јадеме. Додека нашата лебна храна со од Димитрија ги хранеме воловите поради трева била појака од нашата планинска трева се боеме да не се деси нешто со нашите волови. Откако набраме трска во наредното утро си тргнаме порано. Патот не одведе преку с. Будаково, го видоме селскиот колективен дом, беше запален, гредите од покривот не доизгореа, висеа очадени, гламносани. Патот не донесе во правецот за с. Мусинци поред гробот на убиениот претседател на Колективот во пролетта 1953 година односно Абедин.

Кога го поминаме Мусинци, го фатиме поново патот према Сољјо чешма. Ги одмориме нашите ѕевгари, ги напоиме вода на чешмата. Кога дојдоме со колите до подмолската река раширена песочна, нашиот ѕевгар Бодле и Карче без проблем е поминаа реката. Ѕевгарот од Ванѓел и Димитрија не можеа да е поминат песочната река со нивната кола.

Го спрегнаме нашиот ѕевгар и без проблем е помина подмолската песочна река. Кога дојдоме до марулската река во канатларското широка и песочна реката, поново истото, го спрегнаме нашиот ѕевгар, е превозиме нивната кола со тешката зелена трска. Така во заедничко друштво свртиме по бреже переку патчето Утојца, низ стопанското лознено патче за на Садиње на 19 август 1958 пред ручек стигнаме во нашите домови без никакви хаварии по патот од страна на нашите возила. Денот беше верскиот празник Преображдение. Од трската се правеа помали снопчиња и се ставаа пред сламите, копите како заштита од врапчињата, кокошките и чавките за да не чепкаат во сламите кога ќе се куби слама за стоката во зимата. Исто така, покрив на некој објект се постила со трската, се редат, покриваат керамидите.

Од тој престој во Блато новачко во студена вода ми останаа повеќе спомени, местото на убиениот полјак, лебот од чичко Ванѓел. Многу големите јата од чавките при нивното преноќевање и будење наутро од блатото, изгорениот дом во с. Будаково, видување на гробот на претседателот во с. Мусинци кој дотогаш е слушан усмено.

Денес остана само тогашните спомени, водениците се затворија. Народот ги напуштија селата од незаштитеност, заминаа во градовите и државата, постанаа иселеници по туѓиот свет. Денес нема ниту блато, ниту чавки, ниту млинови. Не е виновен надворешниот непријател, него домашниот непријател, него домашните влади.

Платена таксата за бозевата гранка во црквата во с. Марул во 1957 година

Да се вратиме уште поназад за во пролетта во велигденските пости во 1957 година и мајсторствата на Ристески Најденко Нацко Мурџески. Нацко желен за да има оригинал кларинет. Но, поради се нема доволно или пак слабо за интерес од неговите постари домашни за да постани музичар. Во тие времиња одлучуваа постарите домашните луѓе, може или не може. Нацко самоиницијативно оди и од црквеното дрвено бозе пресекува една подебела гранка која природно е шуплива. Нацко по природна дарба е добар мајстор за изведување рачни работи со нож. За неполни десет дена од бозевата гранка направи вистински дрвен музички инструмент сличен на оние од Танец и лазарополските зурли со направена пластична писка. Греан на огнот со овците кој доби кафеава боја.

Најденко преку денот е носи со овците и свири. Неговите другарчиња овчарчиња Павле, Атанас, Љубе, Петре, Цветан, Ванчо, Данчо, Томе, Трајче се придружени со него.  За кратко време Нацко почна да совладува ора и песни. Сепак Нацко духовно не мирува, дрвото од бозето треба да се плати, совеста го гризе, нема мир во него. Детинска работа, смислил една трајна работа, идеја, е чува во себе и се одлучил на нејзе.

Нацко почнал во утринското време, станувал порано, одел кај комшиите Колески Велевци, земал дел од камарите на снесените јајца во гојдарникот и ги складирал, маскирал во сеното во нивното трло кое беше ново изградено на чајрот, а сеното стоеше внатре во трлото. Тоа го правел додека да се доволно јајца за да е плати гранката од бозето што е пресече.

Кај домаќините Колевци се појави криза за јајца поготово кај домаќинката Велејца Таса поради и ако се велигденски пости таа гревот ќе го носи, но не прекинува на нејзиното дете Цветан, четиринаесет годишно момче за да не го изгуби растот за да го стаса во висина својот брат Ванчо со висина близу едно метро и осумдесет иосум сантиметри. Мајка му на Цветан, Таса Бешлакоска од Подмол секое утро на Цветан, по нејзино Целе му пржи во тавата по едно парче биено сирење и по едно јајце пржено.

Намалувањето бројчано на јајца е нервирало домаќинката Велејца кокошките кркат во камарите, а нема доволно јајца. Секое утро кокошките се хранети со жито. Изронатото жито при зобање на овците тие го собираат заедно со врапчињата, чучулигите и чавките. Си помислила да нивните петли се неплодни, штири, а од друга страна преку денот кокошките и петлите преку денот играат прескакулица едни на други. Уште две недели доваѓа Велигден, а јајца доволно нема. За денот Велигден треба за в црква за домашните, а и за некој изненадни потреби.

Продолжува    

Loading