ПАК, ОД НУЛА ДО КУЛТУРА

Второто издание на манифестацијата „Од 0 до Култура” започна со настапот на „The four & Теодора” и трибјутот на Меморија и Каролина Гочева. На камената бина секој четврток, до крајот на август ќе настапуваат музички групи со тематски вечери за промоција на музичките великани, а бендовите ќе свират и авторски песни.

4 ти јули – The Schmucks tribute to CREEDENCE

11 ти јули – LOCKDOWN tribute to Prljavo kazalište

18 ти јули – The Flames tribute to Red Hot Chili Peppers

25 ти јули – Rock Blues Band tribute to The DOORS

1 ви август – The Dreamers tribute to

8 ми август – BANDA BEND tribute to NIRVANA

15 ти август – The Doctors tribute to QUEEN

22 ри август – Crossroad Blues Band tribute to Eric Clapton

Целта на проектот е презентација и промоција на младите музичари.

Популарни во соседна Битола

The four постои од 2016 година. Тоа е бенд кој изведува кавери на познати хитови од македонската и екс – ју сцената, како и популарни странски хитови. Настапува во кафетерии, ланџ барови и ноќни клубови во Прилеп и во градовите низ Македонија. Особено е популарен во соседна Битола. Исто така бендот настапува и на разни забави и јавни настани. Од основачите на бендот денес во составот се Даниел Павлоски, вокал и Душко Темелкоски, клавијатури. Други членови се Рубин Димкоски на гитара и Филип Бурнески на тапани. Од 2022 година во бендот се приклучува Теодора Зероска Тодороска како вокал, со што репертоарот се збогатува со оние т.н. „женски песни”.

Loading