ЗАСУЧИЈА РАКАВИ НАМЕСТО ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ

Левица – Прилеп со грижа за спомен обележјата

ЛО Левица Прилеп и Црвена Младина Прилеп, на Фејсбук се пофалија со заштита на културното наследство. Објавија фотографии како ги чистат спомен обележја од зарастената трева, ги обновуваат фонтаните, односно чешмите во склоп на комплексот, ги освежуваат написите на спомен обележјата на Рид и во населбата Корзо. Се фалат дека засучиле ракави наместо локалните власти. 

– Со години запустено и запоставено од локалната власт, конечно спомен обележјето го доби својот прав изглед. Обврска е да ги чуваме спомениците од заборав на тие што ги дале своите животи за Македонија за идните генерации. Прашуваме, дали намерно се запоставуваат, за да се избрише колективната меморија? Нормално, како партија на АСНОМските идеали, нема да го дозволиме тоа!!! – напишаа од Левица – Прилеп на фејсбук профилот.

Имаат фалби и поддршка. Имаат и коментари дека “не смеат спомениците самоиницијативно да ги бојат како боенка и дека некој кривично ќе одговара или да ги остават спомениците и да гледаат што можат да направат за иднината. 

Loading