ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (244) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Рада е устреќена што се омажи за Микаел, двата се лични и токмоглави во висина, растот. Микаел е првиот мајстор за сите категории и потребни работи во с. Подмол од ѕидање, покривање, малтерисување на куќи, покривање на трла, покрушување со ржаница за дрводелија за подстригување, чак се занимаваше во зимно време со дробење на тутун во аван.

Микаел како дете со јакулката преку главчето и го прател комшијата, големиот самоук надарен мајстор, дедото Блаже Илијоски.

Аспровци е устреќиле. Николовската куќа во с. Подмол некогаш уште во турско време тука живеела некоја фамилија Николовци, доселени од с. Орле. Тие немале свое биолошко потомство за да се израдуват. За да се израдуват Николовци заедно со нивното живеалиште, куќата земаат ранениче по име Тодор. Некаде во 1879 година во трурско. Канатларските силеџи настрвени по патиштата Исламовци и Париовци го пречекале Петко Писокалецо идејќи од Пазар кај местото Слива, го оплачкале и отепале.

Неговата жена Петковица Доста останала вдовица со четири деца. Доста, децата: Митре, Тале и Тодор ги раздала. Митра е омажила за Грујоски Тале Курела во Марул, Митре го дала ранениче кај Саботковци во Подмол, Тале го дала ранениче во с. Лагово. Тодор го дала ранениче кај Николовци во с. Подмол. Таа се премажила за Дамјаноски Ристе Патрун во с. Марул со кого го имале детето Дамјан.

Порастил Тодор кој добил прекар Чекле, го ожениле очувот и маштејата негова од Белазелковци од с. Мојно. Тодор и неговата жена со име непознато немале свое биолошко потомство. Го зеле Блаже од Белазелковци, внук од брат на Тодорица.

Тодор и Тодорица раненичето Блаже го ожениле за Карбеска Митрева Спаса од с. Мало Рувци. Блаже и Спаса во нивниот брак имаат пет деца: Микаел, Мирјана, Борис, Спасе, Добрица.

Раскажале Тошеска Калина и Бешлакоски Трајан од с. Подмол.

Запознавање со Блаже Аспрата

Еден летен ден, ние, дел од марулските воловарчиња во 1958 година ги тераме воловите на пасење во Бресто. Кај Голема меѓа на патот седи човек со велосипед. Тој проговори, се викам Блаже Аспра од с. Подмол, ми се дупна велоспипедот, имам гума и лепило, немам нож за стружење. Му подариме без повратка. Чичко Блаже го поправи велосипедот и замина за Прилеп.

Родени деца во с. Марул во 1958 година:

1.Атанасоски Благојев Зоре Танески;

2.Димоски Драганов Мирко Богданоски набргу умре;

3.Јовчески Благојев Борис Велјаноски;

4.Јошеска Ќирова Лена Котеска;

5.Мојсоски Ванчов Богоја Колески;

6.Петерски Ванчов Миле Бабјак;

7.Петрески Крстев Гоце Бабјак;

8.Петрески Митрев Димче Бабјак;

9.Ристеска Дончова Летка Јанкоска наскоро и умре.

Делбата на Божин и Благоја Јолески по денот Петковден во 1958 година

На денот Петковден синот Благоја и снаата Благојца Илинка од гостинлакот кај Павлевци Јоновци како побратими со Јованче преку побратими со татко е на Илинка позаканснале да си дојдат од кај Павлевци. Додека таткото Божин си иди од работа каде преку денот пасеше свињи во тогашен Лозар покасно ЗИК Прилеп.

Од збор до збор за магарето дека не е дојдено е направија поголема расправија и направија делба фиизичка. Продолжија делба и преку судството. Со времето се помирија. Благоја орајќи нива со воловите зад Цуцул 1959 му умре воло во браздата, волот беше купен од Дамјановци од Марул. Добиток говедо отелено со едно платно пред предните нозе се вика деведешлија ако е преживее таа година ќе продлжи да живее до својаат старост. Ние во нашето маало имаме пет машки магариња, таа вечер не си дојдоја ама ниту едно, ниту нашето маагре. Ниту пак дончоското, јолеското и најдоското, ниту од Јоноски Алексо Курела. Излегов да го барам нашето велјаноското, никаде ги немаше. Луѓе очевидци ги виделе дента на Петковден целата група со клоцање и касање помеѓу себе со бодинање отишле надолу надвор од селото. После денот на Петковден ги најдов кај воденицата, млинот во с. Канаталрци. Сите пет машки магариња ги дотерав во Марул. Јолеското магаре му е направи делбата вечно на Јолевци.

Да се вратиме наназад за во пролетта и летото во 1958 година во кои се десија две физички пресметки во кои имаше и една жртва.

Со оснивањето на земјоделската фирма Лозар во 1955 година и доделување парцели од блокот државен на тие блокот што му ги одзеде им доделуваше парцели во приватниот сектор, сињор низ с. Марул без учество од катастарски надлежни овластени служби. Доваѓаше до навреди и физички пресметки помеѓу губитникот и добитникот на истата парцела.

Се правеа големи замерки, не си правеа посети на верски слави, на свадби, првичиња, крштевки итн. Во времето на војната во НОБ македонскиот народ се кренал на масовно востание не за остварување идно политичко општрество, него неможноста да го трпи окупаторскиот режим во кој Марул дал дваесет ипет војници партизани од триесет идве домаќинства. Самите партизански водачи велеле, ние се бориме за слободна македонска држава. После победата народот ќе одлучи за управувањето во нашата македонска држава. Борците носеле претежно македонски национални симболи.

Така да од неморалност и неодговорност од страна на државните одговорни лица при одземање и давање истата парцела од едно лице на друго во пролетта во 1958 година дојде до физичка пресметка помеѓу лицето Ладе Јанкоски од една страна со лицата Крсте и Китан Танески во местото на Падарница под колибата од марулските полјаци за нивата Мурџеска во местото Дојкојца.

Се слушнало од кавгата на Падарницата силна викотница. Слушна и најблиските куќи како Бабјаковци да Јанкоски Ладе се брани со остенот што го тера ѕевгарот, дава отпор и вика за помош. Во тој момент истрчаа Бабјаците, Петре, Димитрија, Ванѓел, Митре, Томе, Јованче Мурџески, Јованоски Лазар отидоја физичката пресметка е прекинаја.

Јованче Ристески Мурџески е втор брачед на Блаже и Видан, нивна деленица, објасни да ни нивата во Дојкојца од дедо и прадедо е Мурџеска, а сега државата како што одлучи и така ќе биди. Расправијата на Падарница заврши. Нивата со закони му припадна на Јанкоски Ладе. Селаните ги фати паника за да не дојди до крвава расправија како пред една година затова реакцијата од страна на марулци беше брзо сузбиена. Таа реакција беше прва на новиот марулски одборник Јовчески Ванѓел заврши позитивно во мир.

Нивата во Дојкојца беше Мурџеска од браќата Јованоски Блаже и Видан останати сирачиња во Првата светска војна без татко Ристески Стојан Мурџески и без мајка Јованоска Митрева Темјана Курелоска марулчанка. Поради не се растени во с. Марул нивата му е дале под кирија на Таневци Стојановци.      

Продолжува    

Loading