ДЕБИ СО „ЧЕРНОДРИНСКИ СЕ ВРАЌА ДОМА“

Премиера на МТЦ “Зона”

Младинскиот театарски центар “Зона” со средншколската група ќе дебитира со премиерата на претставата “Чернодрински се враќа дома”  по текст на Горан Стефаноски на 22 мај, в среда, на сцената на тетарот.

Предизвикот го прифати квартетот едукатори и ментори во името на Даниела Иваноска, Марија Спиркоска Илијеска, Мартин Наумоски и Кирил Петрески. Претставата се спрема макотрпно неколку месеци. Главниот товар го презедоа младите актери кои покажаа фантастична желба и посветеност. Затоа постои надеж за силна поддршка.

– Сите актери создадат мозаик за освежување, младешка енергија и одлична игра – велат од асоцијацијата “Зона”.

Ќе играат Филип Стојаноски, Вања Младеноски, Андреј Димитриоски, Стефан Петрески и Горјан Ристески Ангела Чупетреска, Марија Јованоска, Матеја Илијеска, Искра Спиркоска, Марија Јовеска, Сара Атанасоска, Илина Радеска, Евгенија Димитриоска и Дора Иваноска.

Со оваа претстава “Зона” ќе настапи на претстојниот фестивал ДАФ во Кочани на 25 мај.

Loading