Пејојца се пораѓа во болница, вика од болки и му ја стега раката на Пејо.
Тој загрижен и вели:
– Љубов моја, многу ми е жал што мора ова да го трпиш!
А Пејојца му враќа:
– Ма уживај ајде, не си ти крив!
– Ало брат, разбрав жена ти ја чукнала колата.
Да не е повредена?
– Уште не е.
Се заклучила во бањата…
Ја донесле Пејојца во итната медицинска помош.
– Пак вие?
Вчера ве спасивме затоа што сте јаделе отровни печурки, а денес?
– Исто, синко. Останаа од вчера, па реков да не ги фрламе.