ДУЕЛИ СО ПРВОЛИГАШИ

Победа

Привршува Втората фудбалска лига на Македонија. За прилепска Победа останува да одигра само уште со двата идни прволигаша, Пелистер од Битола и Беса од гостиварско Врапчиште. В сабота е гостувањето кај Пелистер и настојувањето да се освои барем бод. Да беше мечот пред еден месец или порано, домаќинот однапред ќе беше сметан за победник, со оглед на пласманот и победата од 2:0 есеноска во Прилеп. Но сега мотивацијата е на страната на Победа и оттука очекувањата за поинаков исход. Претходно Победа со 0:3 загуби дома од тетовскиот тим Арсими, по неискористениот пенал за прилепската екипа. Така, борбата за опстанок продолжува. Другите екипи од долниот дел го имаат следниот распоред: Осогово гостува на Арсими, Тетекс игра дома со Охрид, Саса е кај Караорман.

Табела: Беса 73, Пелистер 67, Детонит 56, Арсими 50, Охрид 42, Скопје 40, Вардар Н. 39, Беласица и Башкими 38, Кожуф 37, Новаци 31, Победа 28, Осогово 26, Тетекс 24, Саса 23, Караорман 15.

Loading