ТЕСТОВИ СО АРСИМИ И ПЕЛИСТЕР

Фудбал: Победа

Во подготовките за Втората лига, екипата Победа одигрува пријателски мечеви. Викендов е дуел дома со тетовскиот Арсими, а в среда со битолски Пелистер. Натпреварите се со познати противници од второлигашкото друштво.

Претходно имаше три проверки за екипата на тренерот Јане Николоски. Во средата, во Гевгелија, Кожув – Победа ( : ), а двапати се повтори резултатот на првите две, Охрид – Победа 3:1, Победа – Вардар Н. 1:3. Мечот со Вардар Н.,  на теренот со вештачка трева, го изгледаа околу стотина прилепчани на студ и ветер. Тие видоа борбен меч, во кој поуспешни беа гостите. Стрелци: Кирил Неделков, Петар Ристовски и Ѓорѓи Шишков (Вардар Н.), Бојан Ивчески (Победа).

За Победа одиграа фудбалери со просечна возраст од 18 години: Столевски, Кофиловски, Поп-Антоски, Д. Дебрешлиоски, Ристов, Арифи, Горгиовски, Крајоски, Влаши, Шиков, Миланоски, а во вториот дел и со Николоски, М. Талески, С. Спиркоски, Богевски, Да. Спиркоски, Л. Петејчук, И. Трајкоски, Г. Димоски, Ивчески, Табаковиќ и Илиески.

Loading