МИКИ КРСТЕВ ЗА ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА 

СДСМ

Мики Крстев е кандидатот од СДСМ за заменик министер за локална самоуправа во техничката влада. Вака одлучи Централниот одбор на партијата која утврди и кандидати за министри, заменици министри и дополнителни заменици министри од редовите на СДСМ. Техничката влада е законска обврска и сите партии треба да ја испочитуваат сто дена пред изборите.

Инаку, Мики Крстев е актуелен секретар на ОО на СДСМ Прилеп.

Loading