ДУЕЛ СО МАЛ АЈАКС

Футсал

Едно од славните имиња во малиот фудбал е Мал Ајакс од Штип. Сега се натпреварува во Втората футсал-лига, така што в недела (19,30 ч.) гостува на Победа, во салата “…Ричко”. Мечот е од 7. коло. Претходно двата тима загубија – Победа со 3:2 на гости од битолскиот тим Конзули, а Мал Ајакс дома со 3:6 од Партизан Брвеница. Така Победа е шеста со 10 бода, Мал Ајакс осми со 9.

На табелата води валандовски Проект со 15 бода.

Loading